Решена тајната на џиновското јајце од Антарктикот: Во светот не постои ништо слично (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Научниците ја открија тајната на гигантското јајце пронајдено на Антарктикот, второто најголемо забележано досега.

Loading...

Јајцето со големина на фудбалска топка е откриено во 2011 година на антарктичкиот остров Симур. Научниците сега претпоставуваат дека јајцето го извело морско чудовиште кое живеело пред 68 милиони години.

РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА: Зошто пандите се црно-бели?

Најголемото јајце со мека лушпа во светот најверојатно му припаѓало на мозаурус, морско чудовиште што живеело во ерата на диносаурусите, тврдат научниците од Универзитетот во Тексас, кои објавиле истражување за тоа во списанието „Nature“.

„Нема такво јајце во светот, ниту по големина ниту во структура“, рече Џулија Кларк, професор на тој универзитет.

Фосилот од џиновското јајце е пронајден на 200 метри од остатоците од мозараусот долг околу 10 метри. Тоа го откриле чилеанските научници кои го истражувале овој дел од Антарктикот.

Мистеријата за исчезнатото девојче која трае веќе 38 години (ВИДЕО)

 

Loading...

 

„Иако не знаевме што е тоа, неговата чудна форма и големина нè инспирираше да го земеме и да го истражиме“, рече чилеанскиот палеонтолог Дејвид Рубилар Роџерс.

Колку е невообичаено јајцето, покажува и фактот дека чилеанските научници го нарекоа „Thing“, алудирајќи на филмот со истото име од 1982 година, што се одвива во Антарктикот.

Решена мистеријата за изградбата на градот на Инките?

Научниците објаснуваат дека ова јајце не личи на јајцата од диносаурус, туку повеќе како оние од гуштери или змии. Затоа тие сега претпоставуваат дека му припаѓа на мосасаурусот, кој е во истата природна гранка како гуштерите и змиите.

На научниците истражувањето им го отежнал фактот што во јајцето немалоостатоци од младенче, но најновите истражувања ги насочиле кон мосасаурусот, особено затоа што не постојат слични видови што би можеле да положат толку големи јајца.

 

Loading...

Leave a Reply