Војна во Украина (Page 453)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека неговата земја ќе побара од Германија официјална дозвола да испрати тенкови Леопард во Украина, пренесува Ројтерс. Моравјецки не прецизираше кога ќе биде поднесено ова барање, но рече дека Полска формира коалиција од земји подготвени да испратат германски тенкови. Доколку ја нема дозволата одПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Евгениј Пригожин, првиот човек на руската платеничка група Вагнер, се согласува со споредбата со контроверзниот монах Распутин, кој го лекувал Царевич Романов од хемофилија, но забележува дека неговата задача не е да го запре крварењето, туку да ја пролее крвта на непријателите на Русија. Весникот „Фајненшл тајмс“ во текот наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи веќе подолго време кружат видеа и слики од уништени возила и опрема, за кои се тврди дека се моќниот руски противракетен систем С-400. Но, веста никогаш до денес не е потврдена. Видеата се појавија на социјалните мрежи уште во ноември минатата година, но тогаш се тврдеше декаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американските власти најавија дека ќе ја означар руската платеничка група Вагнер како „транснационална криминална организација“, бидејќи паравоената организација до војната во Украина – каде што користи затвореници – делуваше како безмилосен инструмент на руската моќ во сенка во десетици земји, пред се во Сирија и Африка, пренесува Радио Слободна ЕвропаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска во Брисел меѓу другото ќе разговараат за војната во Украина и ситуацијата во Црна Гора, објавено е на веб-страницата на ЕУ. Со состанокот ќе претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јозеп Борељ, кој ќе ги покани министрите заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украина користи нуклеарни централи како складишта за оружје, изјави директорот на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин. – Во украинските нуклеарни централи се распоредени ракети за „Хајмарс“ и странски системи за противвоздушна одбрана, како и артилериска муниција со голем калибар, рече Наришкин. „Постојат веродостојни податоци дека украинските вооружениПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Неодамна, генералот Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот на Русија, директно ја презеде командата со трупите во Украина. Многумина тоа го гледаат како знак дека Москва подготвува нова масовна офанзива, можеби нов напад врз Киев. Британското Министерство за одбрана, користејќи информации од своите разузнавачи и луѓе од терен, пишува дека ГерасимовПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека сите одлуки за испорака на оружје ќе бидат донесени во координација со сојузниците. Сè уште не е донесена одлука дали Украина ќе биде снабдена со германските тенкови Леопард 2 што ги побара Киев, бидејќи Западот стравува дека тоа може да доведе до ескалација наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ги повика лидерите на земјите-членки на ЕУ да се вклучат во дискусии за користење на конфискуваните средства на руската централна банка, во вредност од 300 милијарди долари, за обнова на Украина, објави Тајмс денеска. Мишел рече дека треба да се утврди начинот на управувањеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во речиси една година конфликт во Украина, речиси 180.000 луѓе се убиени и ранети во редовите на руската армија и 100.000 на украинската страна, не сметајќи ги 30.000 убиени украински цивили, според проценката објавена во неделата од командантот на Норвешки вооружени сили. „Руските загуби се близу 180.000 загинати и ранетиПрочитај повеќе