Мишел: ЕУ да го одреди начинот на користење на средства на руската банка за обнова на Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ги повика лидерите на земјите-членки на ЕУ да се вклучат во дискусии за користење на конфискуваните средства на руската централна банка, во вредност од 300 милијарди долари, за обнова на Украина, објави Тајмс денеска.

Loading...

Мишел рече дека треба да се утврди начинот на управување со замрзнатите средства на руската централна банка, со цел да се генерира профит кој потоа би можел да биде наменет за обнова на Украина, наведува весникот.

„Тоа е прашање на правда и правичност и тоа мора да се направи во согласност со правните принципи“, рече Мишел, пренесе Ројтерс.

ЕУ блокираше 300 милијарди евра резерви на руската централна банка во ноември минатата година, како дел од воведувањето санкции против Русија поради нападот врз Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.