Украинците уништија моќен руски систем С-400? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи веќе подолго време кружат видеа и слики од уништени возила и опрема, за кои се тврди дека се моќниот руски противракетен систем С-400.

Loading...

Но, веста никогаш до денес не е потврдена.

Видеата се појавија на социјалните мрежи уште во ноември минатата година, но тогаш се тврдеше дека станува збор за системот С-300 уништен во Запорожје.

Но, сега се појавија нови фотографии.

Твитер профилот Ukraine Weapons Tracker, кој се занимава со следење и снимање на уништената воена опрема во војната во Украина, сега тврди дека тоа е системот С-400.

 

 

Loading...

„Се појавија нови фотографии и сега може да се каже дека руската армија изгуби дел од напредниот противвоздушен систем С-400. Ова е првпат досега да се потврди загубата на системот С-400. пишува оваа страница.

А Oryx, специјализиран сајт кој се занимава со документација на уништената воена опрема од почетокот на војната, тврди дека тоа е системот С-400.

С-400 е наследник на моќниот систем од времето на СССР, С-300.

Станува збор за систем првенствено наменет за одбрана од авиони, но и од беспилотни летала и проектили.

Еден систем С-400 се состои од неколку компоненти и содржи до 12 лансери.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.