Моравјецки: Ќе бараме дозвола од Германија да испратиme тенкови во Киев

Сподели со своите пријатели

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека неговата земја ќе побара од Германија официјална дозвола да испрати тенкови Леопард во Украина, пренесува Ројтерс.

Loading...

Моравјецки не прецизираше кога ќе биде поднесено ова барање, но рече дека Полска формира коалиција од земји подготвени да испратат германски тенкови.

Доколку ја нема дозволата од Берлин, Варшава сама ќе донесе одлуки, рече тој, без да даде дополнителни детали, наведува британската агенција.

„Дури и на крајот да не ја добиеме оваа дозвола, ние во рамките на оваа мала коалиција, дури и без Германија во неа, ќе ги предадеме нашите тенкови на Украина, заедно со другите“, нагласи Моравјецки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците опколени во Бахмут

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во неделата изјави за француската телевизија LCI дека Полска официјално не побарала одобрение од Берлин да испрати дел од своите тенкови од германско производство, но додаде дека ако тоа од нас се побара, нема да им застанеме на патот.

Коментирајќи ја оваа изјава, Моравјецки рече дека вршењето притисок има смисла и дека нејзините зборови се искра надеж дека Германија би можела дури и да учествува во коалицијата, пренесува Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.