Се урна воен хеликоптер во Пакистан: Шестмина загинати
Пакистански воен хеликоптер се урна во југозападниот дел на земјата, при што загинаа шестмина воени лица. Меѓу нив има и двајца офицери. За време на летачка мисија во близина на градот Харнаи во провинцијата Балучистан, хеликоптерот се урнал синоќа. Засега не се познати причините за околностите на хеликоптерската несреќа. Прочитај повеќе










