Во поплавите во Пакистан досега загинати над 1.400 луѓе

Сподели со своите пријатели

Речиси 45 отсто од обработливото земјиште е веќе поплавено, што претставува сериозна закана за безбедноста на храната и дополнително придонесува за и онака наглото зголемување на инфлацијата.

Loading...

Други 36 лица, меѓу кои 15 деца, загинаа во различни несреќи предизвикани од дожд и поплави низ Пакистан во последните 24 часа, со што вкупниот број на загинати се искачи на 1.391, според официјалната пакистанска статистика објавена во петокот, јавува Anadolu Agency (AA).

Пакистанската Национална агенција за управување со катастрофи (НДМА) објави дека од 14 јуни досега загинале 577 лица во провинцијата Синд, 293 во Хајбер Пахтунхва и 263 во Балучистан, 22 во Балтистан и едно во Исламабад.

Од средината на јуни 12.722 лица се повредени во поплави и свлечишта.

Од дождовите оштетени се 1,73 милиони куќи, од кои 565.878 се целосно уништени.

Поплавите однесоа 750.405 домашни животни, оштетија повеќе од 3,6 милиони хектари земјоделски култури, уништувајќи ги жетвите на памук, пченица, зеленчук и овошје.

33,4 милиони луѓе беа погодени од природната катастрофа

Речиси 45 проценти од обработливото земјиште е веќе поплавено, што претставува сериозна закана за безбедноста на храната и дополнително придонесува за и онака наглото зголемување на инфлацијата.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш во четвртокот слета во Исламабад во дводневна посета на Пакистан за да изрази солидарност и поддршка за оваа јужноазиска земја.

Loading...