Путин во Узбекистан со Си Џинпинг, Моди, Раиси, Ердоган

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин ја започнува дводневната посета на Узбекистан, каде ќе учествува на самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО), а предвидени се и голем број средби во билатерален и мултилатерален формат.

Loading...

Путин денеска ќе се сретне со претседателот на Кина Си Џинпинг, со неговиот колега од Киргистан Садир Јапаров, со претседателот на Туркменистан Сердар Бердимухамедов, со претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев, со претседателот на Иран Ебрахим Раиси, како и со премиерот на Пакистан. Шахбаз Шариф, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Покрај тоа, денеска ќе се одржи трилатерален самит Русија-Монголија-Кина, пренесе ТАС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран е на чекор од производството на нуклеарно оружје?

Претседателот на Русија утре ќе има билатерални разговори со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со премиерот на Индија, Нарендра Моди и со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.