Во Пакистан е формирано езеро широко 100 километри

Сподели со своите пријатели

Новите сателитски фотографии го откриваат обемот на рекордните поплави во Пакистан и покажуваат дека излеаната река Инд претворила дел од провинцијата Синд во езеро широко 100 километри.

Loading...

Дел од земјата сега е под вода, по она што претставниците на Обединетите нации го опишаа како „монсун на стероиди“. Тој го донесе најсилниот дожд досега и поплавите во кои загинаа 1.162 луѓе и погодија 33 милиони луѓе од средината на јуни.

Новите фотографии, направени на 28 август од сателитскиот сензор MODIS на НАСА, покажуваат како комбинација од обилни дождови и излевање на реката Инд поплави голем дел од провинцијата Синд на југ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најлоши поплави во последните децении во Русија и Казахстан

Езерото е формирано на земјоделски полиња.

Според Пакистанскиот метеоролошки центар, овогодинешниот монсун е веќе најврнежливиот дожд во земјата откако се води евиденција од 1961 година, а до крајот на сезоната останува уште еден месец.

Во провинциите Синд и Балучистан врнежите беа 500 отсто над просекот, проголтаа цели села и обработливо земјиште, урнаа згради и уништија земјоделски култури.