Се урна воен хеликоптер во Пакистан: Шестмина загинати

Сподели со своите пријатели

Пакистански воен хеликоптер се урна во југозападниот дел на земјата, при што загинаа шестмина воени лица.

Loading...

Меѓу нив има и двајца офицери.

За време на летачка мисија во близина на градот Харнаи во провинцијата Балучистан, хеликоптерот се урнал синоќа.

Засега не се познати причините за околностите на хеликоптерската несреќа.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци