Покренато обвинение против поранешниот премиер на Пакистан

Сподели со своите пријатели

Пакистанскиот суд денеска одлучи да покрене обвинение против поранешниот премиер Имран Кан за непочитување на судот, објавија локалните медиуми.

Loading...

Доколку биде прогласен за виновен, Кан би можел да биде „избркан“ од политиката, објави Ројтерс.

Кан беше обвинет дека му се заканувал на судијата кој донел пресуда против еден од неговите блиски соработници за предавство.

„Нема да ве поштедиме“, рече Кан за време на јавен митинг минатиот месец, именувајќи жена судија која негираше кауција за неговиот сведок.

Четири локални телевизиски станици по денешното сослушување објавија дека Кан може да биде обвинет за две недели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Судиите денеска неколку пати ги предупредија адвокатите на Кан, велејќи дека нивниот клиент не ја разбира чувствителноста на ова прашање.