Следната пандемија би можела да дојде од амазонската прашума?

Сподели со своите пријатели

Човечкото посегнување по животинските живеалишта ги надминува сите граници заради уништувањето на шумите.

Loading...

Научниците велат дека урбанизацијата на некогашната дивина придонесува за појава на зоолошки заболувања, оние што минуваат од животни на луѓето.

АЛАРМАНТНО: Амазонската прашума исчезнува со брзина на три фудбалски игралишта во минута

Ова го вклучува новиот коронавирус, кој најверојатно „скокнал“ од лилјаци на луѓето во кинеската брза урбанизација на покраината Хубеи.

Следната пандемија би можела да биде од дождовните шуми од Амазон, предупредува бразилскиот еколог Дејвид Лапола.

Лапола (38), кој проучува како човечката активност ги преобличува тропските шумски екосистеми, тврди дека истите процеси се случуваат во Амазон.

„Амазон е огромен резервоар на вируси. Подобро да не ја пробуваме среќата“, рече тој за АФП.

Митска прашума: Неколку факти за Амазонија (видео)

Loading...

Најголемата светска дождовна шума исчезнува со алармантна стапка.

Минатата година, во првиот претседателски мандат на десничарскиот и климатски скептик Болсонаро, кој сака да ги отвори некогаш заштитените домородни области за рударство и земјоделство, уништувањето на шумите на Амазон значително се зголеми.

Трендот продолжува

„Кога создавате еколошка нерамнотежа, тогаш вирусот може да прескокне од животни на луѓето“, рече тој.

Слично нешто веќе се случило со ХИВ, ебола и денга треската.

Со губењето на шумите ја губиме битката со климатските промени: За обнова на Амазонија потребни најмалку 100 години

„Овие вируси се појавија и се шират заради нерамнотежа на животната средина“, вели Лапола.

Досега, повеќето вакви епидемии се концентрирани во Јужна Азија и Африка, пренесува порталот „Индекс“.

Loading...

Големиот биодиверзитет на Амазон може да го претвори регионот „во најголемиот базен на коронавируси во светот“, рече Лапола, осврнувајќи се на коронавирусите воопшто, а не само на причината за постојната пандемија.

„Ова е уште една причина зошто Амазон не се користи нерационално“, истакна тој.

Бизарен обичај: Жените од оваа амазонско племе дојат верверици и мајмуни (фото+видео)

„Треба да ја поправиме врската помеѓу нашето општество и дождовните шуми. Во спротивно, светот ќе биде проследен со повеќе пандемии со непредвидливи исходи. Подобро да го играме на сигурно, вели тој.

Leave a Reply