Поскапе регистрацијата на автомобилите

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Македонија ќе плаќаат поскапа регистрација на возилата, откако порасна цената на полисата за осигурување.

Loading...

Полисата за автоодговорност или за осигурување е поскапена за 15,4 отсто, пишува Сител.

Така наместо досегашните 5. 453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6.292 денари или 893 денари повеќе.

За возилата од 55 до 66 киловати цената досега беше 6.166 денари, а отсега ќе изнесува 7.115 денари.

Вкупно 8.233 денари ќе плаќаат оние чие возило е од 66 до 84 киловати, за што досега цената беше 7.134 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска е Ѓурѓовден – празник на будење на природата

За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9 820, а досега чинеше 8 510 денари.

15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10.294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11 878 денари.

Исти цени остануваат само на полисите за осигурување на возила до 44 киловати.

Loading...

Но, тука не е крајот оти се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност.

Доплатокот за такси возила останува 30 отсто, но висината се зголемува, поради зголемената цена. Истото важи и за доплатоците за рент а кар возила, за возила кои имаат над 5 седишта, возила кои се товари, како и доплаток за осигуреникот кој се пресметува според возраста на оној на чие име гласи полисата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Приоритет на Македонија е да се избере Претседател. Граѓаните да излезат и да гласаат по сопствено убедување

Информацијата за покачување на цените осигурителните компании ја добиле во понеделникот. Биле известени од страна на Националното Биро за осигурување.

Во информацијата било наведено дека новите цени треба да се применуваат од 25.04.2024.