СНИМКА КОЈА ЛЕДИ КРВ ВО ВЕНИТЕ: Скокна во мал базен од огромна височина! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Повеќето луѓе одат на крстарење за да се релаксираат и да се одморат од секојдневниот стрес.

Loading...

Меѓутоа, меѓу нив не е Џени Ван Кавијк, која неодамна покажа како пиењето коктели и уживањето во сонцето го заменила со скокање во базен од огромна височина.

Џини е професионалец во нуркање. Иако моментално патува низ светот со бродот на компанијата Royal Caribbean – настапувајќи како дел од нуркачкиот тим задолжен да ги забавува патниците на бродот, нејзиното видео од скокање од огромна висина во базен го запрепасти светот.

Како што може да се види на видеото објавено на нејзиниот Инстаграм профил, Џини застана на врвот на највисоката платформа за скокање, покажувајќи им на своите следбеници колку навистина е висока.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како настанала песната „Ѓурѓевдан“, безвременскиот хит на ју-просторот?

Таа на самиот почеток на видеото објасни каде е палубата и другите работи, а потоа и покажа колку е голем базенот во кој треба да скока.

Иако многумина гледајќи го видеото мислеа дека ќе се откаже од скокање од толку голема висина, во толку мал базен, таа им покажа дека нема.

Имено, како „професионална адреналинска зависничка“, кога била подготвена да скокне, се свртела кон камерата и рекла: „Сосема нормална работа, го имам ова!“.

Следниот кадар во видеото го сними нејзиниот совршен скок.

Loading...

„Стомакот ми се сврте“

Некои од нејзините соиграчи го снимија скокот од различни агли, покажувајќи ја огромната висина и вештина потребни за да го извлече нејзиниот скок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска е Ѓурѓовден – празник на будење на природата

И додека ракоплескаа по успешното слетување, голем број луѓе истакнаа колку опасно изгледало тоа што го прави.