БИЛ ДОЛГ ТРИ МЕТРИ: Пронајдени остатоци од нов вид диносаурус!

Сподели со своите пријатели

Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Чакисаурус некул, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.

Loading...

Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено искривена опашка надолу, наведува Ројтерс.

Родриго Алварез, авторот на студијата за овој вид, рекол дека станува збор за двоножен диносаурус, а неговиот коавтор Себастијан Росадила објаснил дека Чакисаурусот имал силни задни екстремитети и можел да маневрира со опашката од страна на страна за да одржува рамнотежа при трчање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска е Ѓурѓовден – празник на будење на природата

Тим аргентински палеонтолози, поддржани од Националното географско друштво, првично ги пронашле остатоците од овој вид во 2018 година, но своето откритие го објавиле неодамна во списанието Cretaceous Research.