Полски медиуми: И платеници од Полска се борат во руски Белгород

Сподели со своите пријатели

Во борвите во руската област Белгород на границата со Украина учествуваат и полски платеници, објавија вчера полските медиуми.

Loading...

На страната на украинската војска се бори и „Полскиот волонтерски одред“, објавија интернет порталите Polsatnews.pl и Wprost.pl, повикувајќи се на пораките на групата на социјалната мрежа Телеграм и видеото на кое наводно се гледаат платеници на пат кон Белгород.

Прво се бореле на страната на Украина, па почнале да соработуваат со Русите

Според Polsatnews, „Полскиот волонтерски одред“ е формиран во февруари и првично се борел на страната на украинската армија како независна единица составена исклучиво од Полјаци.

Во меѓувреме почнале да соработуваат со „Рускиот доброволец одред“.

Порталите не наведуваат колку Полјаци учествуваат во борбите.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.