Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

Сподели со своите пријатели

Пријава за пукање од огнено оружје во селото Слупчане, добила полицијата вчера во липковско.

Loading...

– На 01.05.2024 во 16.15 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека околу 16.10 часот во село Слупчане, општина Липково, бил нарушен јавниот ред и мир со неколку истрели од огнено оружје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од СВР Куманово, патролен тим од Полициското одделение Матејче извршил обиколка во и околу с.Слупчане, но не било забележано ништо.

Никола Ивановски