Кумановец крадел од паркирано возило

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишен кумановец бил приведен ноќва под сомнение дека украл предмети од паркирано возило.

Loading...

– На 02.05.2024 во 00.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Д.(45) од Куманово. Тој се сомничи дека на улицата „Фетка Наскова“ во Куманово одзел предмети од паркирано патничко моторно возило, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Н.Д. бил приведен во полициска  станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски