57 возачи казнети за 1ви Мај во Куманово

Сподели со своите пријатели

Педесет и седум казни напишала кумановската полиција во текот на вчерашниот ден, поради непочитување на сообраќајните прописи.

Loading...

– Во текот на вчерашниот ден (01.05.), полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 57 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи/

Најголем дел од казните, како што информираат од полицијата, вкупно 38, биле изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

Имало и дури 19 казни за управување возило без возачка дозвола.

Сообраќајните контроли, потенцираат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски