Кремљ: Дрон наполнет со експлозив соборен над Русија

Сподели со своите пријатели

Руската противвоздушна одбрана собори украински дрон, тврди Москва.

Loading...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека дронот се урнал во неделата во градот Киреевск, на околу 400 километри од украинската граница.

Руските државни медиуми јавија дека најмалку три лица се повредени во експлозијата откако таа паднала.

Руските власти тврдат дека дронот Ту-141 Стриж бил натоварен со експлозив.

Понатаму, тие тврдат дека бил соборен во 15:20 часот по локално време и дека предизвикал голем кратер во срцето на градот.

Според извештаите, неколку станови во градот лоциран во областа Тула, 220 километри јужно од Москва, се оштетени, но нема сериозни повредени.

Во соопштението на својот канал Телеграм, руското Министерство за одбрана ја обвини Украина за обид за напад.

Украина ги негираше претходните тврдења дека нападнала руски цивилни цели со експлозивни беспилотни летала и допрва треба да го коментира инцидентот.

Loading...

Од друга страна, Москва користи стотици беспилотни летала против Украина, пишува загрепскиот N1.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.