Како функционираат санкциите во Русија?

Сподели со своите пријатели

Путин ѝ нареди на владата да испумпува свежи пари во економијата и да ги зголеми платите и пензиите.

Loading...

Првиот човек на Централната банка бара нови бизнис модели поради санкциите. Во Москва се загрозени 200.000 работни места, пишува Дојче веле во анализата.

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика владата да ги зголеми платите на државните службеници и пензионерите, како и социјалните бенефиции.

 

Захарова: Киев настојува да ги наруши мировните преговори

 

Тие треба да се прилагодат на инфлацијата, која е 17,5 отсто, рече Путин на владиниот состанок одржан преку видео врска.

Според него, економската ситуација е стабилизирана – речиси два месеци по почетокот на војната против Украина.

Loading...

Путин, исто така, ѝ нареди на владата да испумпува свежи пари во економијата за да ги зголеми трошоците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

„Сега е исклучително важно да се поддржи домашната побарувачка, да се спречи нејзиното прекумерно опаѓање“, рече тој.

Владата за ова може директно да користи буџетски средства или да ги користи како кредитна помош. Средствата се достапни бидејќи во првиот квартал од годинава е остварен „рекорден буџетски суфицит“.

 

Москва протера 15 холандски дипломати

 

Путин ги гледа санкциите како неуспех на Западот

Путин ги смета западните санкции кон Русија како неуспешни. Западот очекуваше дека „брзо ќе ја дебалансира финансиската и економската ситуација, ќе предизвика паника на пазарите и ќе доведе до колапс на банкарскиот систем и тесни грла во економијата“, рече рускиот претседател.

Loading...

Но, стратегијата на блицкриг економија не успеа, рече Русија, „и покрај притисокот без преседан“.

За САД и нивните европски сојузници, сепак, санкциите против Русија се покажаа како бумеранг бидејќи во тие земји се зголеми инфлацијата, што доведе до пад на животниот стандард, тврди Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

 

Зошто Путин сака да го заземе Донбас?

 

Првиот човек на Централната банка повикува на нови бизнис модели

Елвира Набиулина, шеф на Централната банка на Русија, рече дека руската економија не може вечно да живее од финансиските резерви и дека поради санкциите мора да се репозиционира.

Таа најави фаза на структурни промени и потрага по нови бизнис модели.

Loading...

„Досега санкциите најмногу се одразуваа на финансискиот пазар. Но сега тоа сè повеќе ќе влијае и на економијата“, предупреди Набиулина.

Главните проблеми се ограничувањата на увозот и тешката логистика во надворешната трговија.

Ограничувањата на извозот, исто така, веројатно ќе имаат зголемено влијание.

 

Зошто Путин сака да го заземе Донбас?

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Таа рече и дека се планирани правни чекори против блокадата на руските златни и девизни резерви наметната од Западот.

Околу 300 од 640 милијарди долари златни и девизни резерви на Русија се замрзнати поради странските санкции.

На Москва и се заканува губење на 200.000 работни места

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин стравува дека во руската престолнина ќе бидат изгубени 200.000 работни места. Причината е прекинот на бизнисот на странските компании.

 

Loading...

Зошто Путин сака да го заземе Донбас?

 

За да се ублажат последиците од невработеноста, властите минатата недела одобрија програма за помош од 38 милиони евра.

Програмата првенствено е насочена кон вработените во странски компании „кои привремено ги прекинаа своите активности или одлучија да ја напуштат Русија“, објасни Собјанин.