Захарова: Киев настојува да ги наруши мировните преговори

Сподели со своите пријатели

Целта на злосторствата што ги изврши киевскиот режим во градот Буча е да ги наруши мировните преговори, изјави вечерва претставничката на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Марија Захарова.

Loading...

„Целта на уште едно злосторство извршено од режимот во Киев е да ги прекине мировните преговори и да започне ескалација на насилството“, рече Захарова, потсетувајќи дека Русија побарала седница на Советот за безбедност на ОН поради инцидентот во Буча.

 

Во Мариупол убиен режисер на документарци од Литванија

 

Таа истакна дека инцидентот во Буча е „провокација организирана од украински војници и радикални националисти“.

Министерството за одбрана на Русија вчера соопшти дека руските вооружени сили на 30 март го напуштиле Буча, град во Киевската област.

Во соопштението се потсетува дека „докази за злосторства“ се појавија четири дена подоцна, откако во градот пристигнаа припадници на украинските безбедносни сили.

Loading...