Информативно предавање: Борба со Остеопороза со помош на Витаминот Д – неговото височество

Сподели со своите пријатели

Информативно предавање на тема “Борба со Остеопороза со помош на Витаминот Д – неговото височество”, ќе се одржи во просториите на Европски универзитет (Амфитеатар) во Скопје во Сабота на 27.04.2024 година со почеток во 12:00 часот.

Loading...

Настанот е од јавен карактер и се организира на иницијатива на регионален Клуб на жени движење ЗНАМ за наша Македонија (изборна единица 1) – предводена од носителот Др. Бобан Карапејовски.

Предавачи:

Проф. д-р Јасмин Циривири, Факултет за медицински науки, УГД Штип, Специјалист по ортопедска хирургија, специјалност ендопротетика на колк и колено и мускулноскелетна протетика, Началник на хируршките одделенија во ГОБ “8ми Септември” Скопје;

Прим. Д-р Маја Панајотовиќ Радевска, Спец. По медицина на труд, Докторант на јавно здравство, Предавач на Медицинскиот Факултет”Гоце Делчев” Штип, Вработена на Институт за медицина на труд на РСМ – Колаборативен центар на СЗО, Скопје.