Десетици илјади жители убиени во Мариупол, вели Зеленски

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател продолжува да се обраќа пред парламентите ширум светот. Денеска на ред дојде јужнокорејскиот парламент.

Loading...

Обраќајќи им се на Јужнокорејците, Зеленски рече дека од почетокот на руската инвазија на Украина, во таа земја се уништени 938 образовни институции и речиси 300 болници.

 

Започнува истрагата за воени злосторства: Француски истражители пристигнаа во Украина

 

Тој додаде дека руските сили „свесно“ уништуваат станбени населби и градови со тенкови и артилерија.

„Од она што порано беа нормални мирни градови, имаме само урнатини. Не можеме ни да ги изброиме мртвите“, рече Зеленски.

Украинскиот лидер рече дека амбулантите и пожарникарите на северот на земјата продолжуваат да ги расчистуваат урнатините останати по руското бомбардирање, додавајќи дека дел од регионот останува „активно бојно поле“.

Loading...

 

Започнува истрагата за воени злосторства: Француски истражители пристигнаа во Украина

 

„Десетици илјади жители на Мариупол загинаа“

Тој додаде дека „руските окупатори испратиле илјадници војници и колосален број воена опрема“ во Украина, додавајќи дека Русите подготвуваат нови напади.

Зборувајќи за тешката ситуација во разурнатиот Мариупол, Зеленски рече дека градот е опколен од 1 март. Колоните со храна не можат да влезат во градот, рече тој.

 

Започнува истрагата за воени злосторства: Француски истражители пристигнаа во Украина

Loading...

 

„Тие се обидоа да го уништат на најсурови начини. Се обидоа да уништат сè што имаше градот. Мариупол беше уништен. Десетици илјади жители загинаа, но Русите сепак не ги запираат нападите”, рече украинскиот претседател.