Зеленски: Русија собира десетици илјади војници за офанзивата

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија собира десетици илјади војници за следната офанзива, пренесува Ројтерс.

Loading...

Обраќајќи им се на јужнокорејските пратеници, тој рече дека Русија нема да запре додека не биде принудена да престане.

 

САД продолжуваат да испраќаат оружје во Украина

 

Воените аналитичари веруваат дека Русија сега ја концентрира својата офанзива на источниот регион на Украина. За тоа во синоќешното обраќање зборуваше и Зеленски.

„Руските трупи ќе започнат уште поголеми операции на истокот од нашата земја. Тие можат да користат уште повеќе проектили против нас, уште повеќе воздушни бомби, но ние се подготвуваме за нивните напади. Ќе одговориме. Ќе бидеме уште поактивни во снабдувањето со оружје и информирање на луѓето“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Место каде времето застанало: Советски град на Северниот пол стана магнет за туристи (ФОТО)