20-годишник од Куманово ја натепал невенчаната сопруга

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишник од Куманово бил приведен ноќва по пријава дека физички ја нападнал својата невенчана сопруга.

– На 07.05.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Д.(20) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата невенчана сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 16-годишник од Куманово, крадел од приватен имот