„Со цел да се обезбеди безбедност на прославите на Денот на победата на 9 мај, привремено ќе биде ограничен пристапот до мобилниот интернет, вклучително и „белата листа“ на веб-страници и СМС услуги во Москва“, соопшти руското Министерство за дигитален развој, комуникации и мас медиуми.
Во соопштението се додава дека нема планови за ограничување на мобилниот интернет во Москва на 7 и 8 мај, но тоа може брзо да се спроведе доколку се појават безбедносни закани, пренесува Интерфакс.
Победничката парада традиционално ќе се одржи на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај.

