Триесет и четиригодишник од липковско бил приведен по пријава дека при разминување со „мерцедес“ пукал со огнено оружје.
– На 06.05.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода А.А.(34) од с.Отља, oпштина Липково, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека во село Отља, при разминување со патничко возило „мерцедес“, управувано од Е.Ш., пукал со огнено оружје.
– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

