Приведен 29-годишник во Куманово, возел „голф“ без дозвола

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишник од кумановско бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека управувал авотмобил без да поседува возачка дозвола.

– На 06.05.2026 во 12:15 часот на ул.„11 Ноември“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.М.(29) од село Лопате, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, натепале 29-годишник

Никола Ивановски