44 здравствени работници од Куманово позитивни на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четири здравствени работници од Куманово досега се позитивни на коронавирусот, двајца нови случаи има само во последното деноноќие.

Loading...

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски смета дека час поскоро Комисија од Министерството за здравство треба да донесе одлука за реорганизација на болницата. Тој изрази поддршка до сите здравствени работници и додаде дека општината им стои на располагање за било каква помош во рамките на своите надлежности.

За над 300 тестови од Куманово се уште се чекаат резултатите, па Општинскиот штаб за заштита и спасување упатува апел да се даде приоритет на тестовите на здравствените работници.

Како што рече др. Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје, во последно време тестовите се прават забрзано.

Поврзано:

– Сега со поголема брзина се добиваат резултатите, во таа насока одеа и постојано насоките , како на општинскиот штаб така и од наша насока да бидат резултатите добивани навремено, затоа што и самото население алармираше дека тестовите доцна и по 5-6 дена, изјави др. Стаменковска на денешната прес конференција.

Како што појасни таа, се очекува со реорганизацијата во болницата тој број да се намали, а за таа цел се следат сите препораки од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Од сите здравствени установи во градот, најголем број на заразени медицински работници се од кумановската болница, односно од Инфективното одделение.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply