Смртноста од коронавирусот во Куманово е 5,36 отсто

Сподели со своите пријатели

Смртноста од коронавирусот во Куманово станува се поголема и моментално изнесува 5,36 отсто, според направените анализи на Центарот за јавно здравје Куманово.

Loading...

Градот брои 224 заболени од Ковид19, а починати заклучно денешниот ден се вкупно 12 лица.

Состојбата е сериозна, вели градоначалникот Максим Димитриевски кој денеска побара карантин за градот од две недели.

– Сакам да напоменам дека на 22.03 Куманово имаше три случаи, денеска Куманово има 224 случаи, тоа значи дека епидемијата во нашиот град се шири, ние веќе влегуваме во ризична група и смртноста е веќе на 5,36 отсто, тоа се информации кои јас ги добивам од теренските епидемиолози. Состојбата е сериозна и треба да се разбере и сфати од секој граѓанин, празно е секоја донесена мерка, ако не се почитуваат, изјави Димитриевски.

Споре др. Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово, во текот на март биле потврдени 52 случаи, а за само 13 дена, бројката скокна на 224.

Поврзано:

– Во текот на март имавме 52 случаи, и порај преземените мерки и сите оние мерки што се даваа во однос на едукација на самото население и сето она што беше препорачувано, бројката за 13 дена е 172 нови случаи. Нас не загрижува бројката на 12 лица кои се починати, тука спаѓаат лица со коморбидитет. Со оваа мерка што градоначалникот ја кажа се штитиме од асимтпоматични случаи, не можат да бидат препознаени но се движат ако не ги почтиуваат мерките, изјави др. Стаменковска.

Меѓу 12те починати лица, како што појаснува др. Стаменковска има различни возрасни групи, но сите со коморбидитет.

– Во тие 12 случаи на починати лица имавме различни возрасни групи, но сите со коморбидитет, дали покачен притисок, белодробни заболувања малигнитет, во тој смер оди процентот, леталитетот во однос на другите земји можеби не е голем, но за ова население 5,36 отсто за толку краток период за нас тоа значи многу голема смртност, тоа е специфично во однос на заболените толкава смренотст, рече Стаменковска.

Loading...

Се очекува со зголемениот број тестирања и вклучувањето на матичните лекари во процесот на откривање нови случаи, бројката во Куманово да расте.

– Нашиот центар за јавно здравје направи голем број тестирњањња и затоа имаме голме број заболени, ги наоѓаме заболените, голем број негативни тестови добиваме, но во наредните 14 дена можат да станат позитивни. Имаме направено 1.275 теста заклучно со вчерашниот ден, морбидитетот е 204,6 на 100.000 жители во Куманово, додека на ниво на општина Липково е 39,85 на 100.000 жители со нивните 12 заболени лица, појасни др. Стаменковска.

Епидемиолошката состојба, како што појасни таа, се менува секојдневно.

Никола Ивановски

Leave a Reply