23 нови случаи во Куманово, двајца починати

Сподели со своите пријатели

Дваесет и три нови случаи се регистрирани во текот на изминатото деноноќие во Куманово, меѓу кои и два нови смртни случаи, информираше денеска на прес конференција градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Loading...

Со тоа вкупно во градот се регистрирани 224 позитивни случаи, од кои досега 12 се веќе починати.

– Сакам да искажам мое најдлабоко сочувство на семејствата до веќе починатите и да упатам поддршка до сите наши сограѓани кои се позитивни на Ковид 19, општината им стои на располагање и сите сме заедно со нив. Ќе се бориме заедно за нивно закрепнување и поддршка на здравствените работници, изјави градоначалникот Максим Димитриевски на денешната вонредна прес конференција.

Меѓу новозаболените се и двајца здравствени работници од кумановската болница.

Возраста на починатите од 59 до 72 години.

Никола Ивановски

Leave a Reply