Кумановец нападнал полицаец на фудбалски натпревар, па му се слошило

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишен жител на кумановското село Речица бил агресивен и нападнал полицаец на фудбалски натпревар.

Loading...

– На 03.05.2024 година во 16.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на фудбалски натпревар во село Речица, кумановско, С.Т. (50) од село Речица агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат оттаму, при приведувањето на С.Т. му се слошило, по што бил пренесен во Општа болница Куманово.

– По целосно документирање на случајот против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Никола Ивановски