Куманово го очекува пикот, Димитриевски бара 14-дневен карантин и кризна состојба

Сподели со своите пријатели

Четиринаесет дневен карантин за Куманово денеска од Владата побара градоначалникот Максим Димитриевски и Општинскиот штаб за заштита и спасување, откако бројот на заразени во градот достигна 224, а 12 лица се починати.

Loading...

Карантинот би значел контролиран влез и излез од градот, кризна состојба по примерот на Дебар.

– Првата мерка која ја предлагаме до Владата е 14-дневен контролиран карантин во Општина Куманово и воведување кризна состојба на територијата на општината, затворање на влезови и излези од градот, а посебните случаи на олеснувања да има само на лица кои треба да вршат работни задачи и со посебна дозвола да го напуштаат и да се враќаат во градот по посебни услови со претходна дезинфекција на возилата и лицата кои влегуваат и излегуваат од градот, изјави Димитриевски.

Посебните услови би значеле непречено одење и доаѓање на и од работното место на сите кои се ангажирани во стопанството, појасни Димитриевски, а паралелно со тоа да се воведат поголем број компании кои ќе вршат сервис на најпотребните продукти за населението.

Поврзано:

Со оваа состојба според Димитриевски ќе се засили присуството на државните органи кои ќе се вклучат во борба со вирусот по примерот на Дебар.

– Сметаме дека ова е добар пример кој може да се примени во Куманово со цел овој вирус да биде искоренет и воедно да не претставуваме закана и за останатите во регионот со ширење на овој вирус. Останатите препораки се до граѓаните, оваа борба е заедничка на сите наша граѓанска одговорност е да ги почитуваме препораките, своето излегување да го сведеме на минимум, разбирам, тоа е тешко и за мене и за сите нас, да ставиме прироитет на семејството и најблиските, особено на највозрасните во нашите семејства, бидејќи со нашите контакти можеме да се доведеме самите во сосотјба да ги загрозиме највозрасните, изјави Димитриевски.

Димитриевски апелираше активно да се следат мерките, ако сакаме што поскоро да се избориме со злото од коронавирусот.

Како што појасни др. Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово го очекува пикот во следните денови и затоа се бараат вакви мерки.

Loading...

Никола Ивановски

 

Leave a Reply