Паркинг место во Амстердам се продава за рекордни пола милион евра

Сподели со своите пријатели

Паркинг место во близина на најголемиот парк во Амстердам, Вондел, се продава за речиси половина милион евра, што е рекордна цена за паркинг место во Холандија, објави холандски RTL.

Loading...

Паркинг просторот е со површина од 18 метри квадратни и се продава за 495.000 евра, а се наоѓа во затворен комплекс во најпознатата и ексклузивна шопинг улица во Холандија, објави агенцијата за недвижности.

Агенцијата наведува дека паркинг просторот се наоѓа во близина на музејот на Ван Гог и може да се изнајмува за 750 евра месечно.

Просечната цена на стан во Холандија, за споредба, лани била 430.000 евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Знаци кои покажуваат дека сте родени еден за друг