Во 10 приградски населби во Куманово регистрирани случаи на Ковид19

Сподели со своите пријатели

Во десет приградски населби во Куманово се регистрирани случаи на заболени од коронавирусот, информираше денеска на прес конференција др. Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово.

Loading...

Стеменковска не сакаше да ги издвојува населбите во кои се регистрирани случаите, затоа што вели неблагодарно е оти епидемиолошката состојба се менува секојдневно.

– Епидемиолошката состојба се менува секојдневно, ако во почетокот на самото јавување на првите заболени беа опфатени неколку семејства, сега имаме освен центарот на градот, повеќе колективи, болницата ја земаме како еден колектив каде имаме локална трансмисија како меѓу здравствени работници и пациенти кои допринесуваат за зголемување на бројот, од друга страна имаме 10 зафатени населби приградски каде имаме појава на различен број заболени, затоа одивме во тој рпавец, време е да се стави населението да се однесува да ги почитува сите мерки кои се предвидени особено за самоизоалција, во текот на наредните 14 дена, изјави др. Стаменковска.

Поврзано:

Во почетокот пациентите во болницата, како што појаснува др. Стаменковска, доаѓале без заштитна опрема, маски и ракавици и ненајавени, но сега таа комуникација е преку матичните лекари.

– Не доаѓаат пациенти како во почетокот, доаѓаа без маски и ракавици, влегуваа во ординацијата ненајавени, сега таа комункакција е воспоставена преку матичните лекари, секој кој има променета состојба, дали во смисол на најобична главоболка, дали ќе биде симптоми од респираторен тракт, кашлица, црвено грло, поткашлување, покачена температура, се јавуваат на матичните лекари кои им даваат насоки, да не се врши рашетување, појасни таа.

Сепак за над 300 земени брисеви се уште се чекаат резултатите. Доколку случаите беа со една населба, смета Стаменковска, мерките ќе беа кон таа населба, но во овој случај станува збор за повеќе улици и населби и состојбата секојдневно се менува.

Никола Ивановски

Leave a Reply