Жива риба тестирале на КОВИД: Еве што велат резултатите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На интернет кружи видео на кое здравствените работници на пазарот во Шангај тестираат жива риба на Ковид-19.

Loading...

На видеото се гледа како здравствен работник облечен во заштитна опрема поминува со стап преку устата на рибата додека рибарот ја држи за да ја смири.

„Те молам, не ја пуштај“, вели здравствениот работник на видеото, а рибарот му одговара: „Не грижи се, нема да те касне“.

Видеото стана вирално и предизвика многу коментари.

„Добро е да се најдат безгрижни моменти во ова лудило. Ова е здрава риба “, се надевам дека Кина изгради доволно карантински аквариуми “, се пошегуваа некои.

Резултатите од тестот, сепак, за што многумина беа заинтересирани, не се познати.

Потсетуваме дека Шангај е во продолжен карантин, а причина за тоа е борбата со најтешкиот бран на епидемијата од почетокот на ширењето на коронавирусот во Вухан.

 

Loading...