Зеленски: Нападот во Дагестан е дел од руската култура на омраза кон другите народи

Сподели со своите пријатели

Руската рација на аеродромот во Дагестан во потрага по Евреи кои доаѓаат од Израел не е изолиран инцидент, туку дел од раширената руска култура на омраза кон другите народи, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

„За руската пропаганда од официјалната телевизија, реториката со омраза е рутина. Рускиот министер за надворешни работи даде низа антисемитски забелешки во текот на изминатата година. Рускиот претседател употреби и антисемитски навреди“, рече Зеленски, според Гардијан.

Украинскиот претседател додаде дека руските идеолози давале антисемитски изјави и по ескалацијата на насилството на Блискиот Исток.

„Рускиот антисемитизам и омразата кон другите народи е системски и длабоко вкоренет. Омразата е она што ја поттикнува агресијата и теророт. Мораме сите заедно да се спротивставиме на омразата“, рече Зеленски.

Лидерот на руската република Дагестан, Сергеј Меликов денеска, без да обезбеди докази, изјави дека немирите се организирани од украинската територија каде што е во тек конфликтот меѓу Киев и Москва.

„Иницијаторите на таа акција очигледно се наши непријатели, оние кои ги организираа тие акции од територијата на Украина“, изјави тој пред новинарите, пренесува руската агенција Риа Новости.

Синоќа десетици мажи упаднаа на аеродромската писта и терминалот на Махачкала, главниот град на доминантно муслиманската руска република Дагестан, по најавата за пристигнување на лет од Израел.

„Идентификувани се повеќе од 150 активни учесници во немирите, а 60 од нив се приведени“, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за внатрешни работи.

Loading...

Се додава дека е во тек операција за пронаоѓање на сите напаѓачи.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.