Зеленски ѝ порача на Австралија да ги заостри санкциите кон Москва

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во видео обраќање пред австралискиот парламент изјави дека се потребни нови и посилни санкции против Русија, со цел да се зголеми притисокот врз Москва поради нејзината инвазија на неговата земја.

Loading...

 

Гугл: Руски хакери се обиделе да упаднат во мрежите на НАТО

 

По рускиот напад на Украина, Австралија достави одбранбена опрема и хуманитарна помош во Киев и воведе забрана за извоз на алуминиум и негови руди, вклучително и боксит, во Русија, пренесува Ројтерс.

 

Зеленски ги смени амбасадорите во Грузија и Мароко

 

Loading...

Канебра досега применила вкупно 476 казнени мерки за 443 руски физички лица, меѓу кои има бизнисмени блиски до рускиот претседател Владимир Путин и 33 субјекти, прецизира британската агенција.