Зеленски ги смени амбасадорите во Грузија и Мароко

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги отповика украинските амбасадори во Грузија и Мароко, бидејќи, како што наведе, тие не направиле доволно за да ги убедат тие земји да ја поддржат Украина и да ја санкционираат Русија за инвазијата.

Loading...

„Со сета почит, доколку немаше оружје, немаше да има санкции, немаше да има ограничувања за руските компании, затоа ве молиме најдете друга работа“, рече Зеленски во видео-обраќањето.

 

Речиси 530.000 жители на Донбас се преселиле во Русија

 

Тој додаде дека очекува конкретни резултати од дипломатските претставници на Украина во Латинска Америка, Блискиот Исток, Југоисточна Азија и Африка во наредните денови.

Зеленски изјави дека очекува резултати и од воените аташеа во амбасадите.

 

Loading...

Русија: „Плановите на САД за Киев – само испорака на оружје и биолаборатории“

 

„Дипломатскиот фронт е еден од клучните фронтови во борбата на Украина да победи во војната со Русија“, рече тој.