Захарова: Русофобијата е основен критериум за добивање членство во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Русофобијата стана основен критериум за членство во ЕУ, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Loading...

„Тие ги отфрлија сите други критериуми. Сега главниот критериум е „заслуга“. Сега добивањето членство треба да се заработи. Очигледно, ова е единствениот начин да успеете – да се докажете во русофобија“, напиша Захарова на Телеграм.

Претходно, на крајот од неформалниот самит во Гранада, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека членството во ЕУ се добива врз основа на „заслугите на земјите кандидати“.

Таа рече и дека Европската комисија во ноември ќе објави извештај за земјите кандидати.

„Процесот на пристапување во ЕУ се заснова на заслуги“, пишува Спутник. Ова беше многу јасно кажано во денешната дискусија. Нема кратенки, нема автоматизирано пристапување во ЕУ. Се заснова на заслуги“, рече фон дер Лајен.