Војна во Украина (Page 290)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Руската амбасада во Вашингтон одлуката на САД да испрати уште еден пакет воена помош за Украина ја оцени како „врв на лицемерието“. „Споменатата испорака на ХИМАРС и противвоздушни гранати, како и друга муниција вредна четвртина милијарда долари до неуспешниот режим на Зеленски е врв на лицемерието. Особено што американските властиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица загинаа, а две се повредени синоќа во руски ракетен напад врз Киев, соопштија цивилните и воените власти на главниот град на Украина. „Според првите информации, две лица загинаа во урнатините во областа Шевченко во Киев“, изјави на Телеграм началникот на воената управа на главниот град на Украина,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот град Псков, во близина на границата со Естонија и Латвија, беше нападнат од голем број беспилотни летала. Снимка која наводно ја прикажува ситуацијата во Псков објави и Антон Герашенко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи. Неколку руски Telegram канали објавија за нападот, а потоа регионалниот гувернер потврди декаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинската противвоздушна одбрана синоќа уништи два руски ракети од типот „Калибар“ и два крстаречки ракети Кс-59, соопшти Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина. Се известува дека руските сили синоќа извршиле напад со проектили од море и од воздух. „Четири крстаречки ракети беа истрелани од непријателска фрегата од Црното МореПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинските сили го ослободија селото Роботин на југоистокот на земјата како дел од контраофанзивата против руските сили и се обидуваат да напредуваат понатаму на југ, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар. Маљар истакна дека украинските сили напредуваат во таа насока и покрај жестокиот отпор на руските сили.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во рускиот ракетен напад врз селото Гоголево во областа Полтава, две лица загинаа, а пет се повредени, соопшти денеска шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак. Од експлозијата избувнал пожар во просториите на фабриката за масло. Познато е дека две лица загинале, а пет се повредени. Работеле воПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во Германија нема многу силни реакции откако неделниот Шпигел и јавниот радиодифузер ЗДФ објавија голема истрага во саботата, според кои сите траги од нападот врз гасоводите на Северен тек водат кон Украина. Волкот Видман-Шмит, еден од истражните новинари кои работеа на оваа тема, дури има впечаток дека официјалните лица воПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана соопшти дека авионот Су-30 го придружувал американскиот дрон „Рипер“ кое, како што се наведува, се приближувало до границата на Русија преку Црното Море. „Со цел да се идентификува воздушната цел и да се спречи нарушување на државната граница на Руската Федерација, лансиран е ловецот Су-30“, сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во текот на претходниот ден руските сили се обиделе да нападнат во три правци – во правец на Лиман, Бахмут и Маринка, но украинските сили ги одбиле тие напади, соопшти утрово Генералштабот на вооружените сили на Украина. Руските сили продолжија со гранатирање и воздушни напади и во други правци, пренесуваПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Коалицијата која ѝ помага на Украина во борбата против руската инвазија нема да го поддржи Киев доколку ги пренесе непријателствата на руска територија, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Верувам дека тоа е голем ризик, дефинитивно ќе останеме сами“, рече тој во интервју за националните медиуми, кој го праша далиПрочитај повеќе