Во рускиот ракетен напад врз селото Гоголево во областа Полтава, две лица загинаа, а пет се повредени, соопшти денеска шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак.
Loading...
Од експлозијата избувнал пожар во просториите на фабриката за масло.
Познато е дека две лица загинале, а пет се повредени. Работеле во ноќна смена, напиша Јермак на својот Телеграм канал.
Полицискиот оддел на регионот Полтава соопшти дека две лица се пренесени во болница со полесни повреди, а се трага по две лица, пренесува Интерфакс Украина.
Производниот капацитет е целосно уништен, јавува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.