Еден од најголемите напади врз Русија од почетокот на војната (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рускиот град Псков, во близина на границата со Естонија и Латвија, беше нападнат од голем број беспилотни летала.

Loading...

Снимка која наводно ја прикажува ситуацијата во Псков објави и Антон Герашенко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи.

Неколку руски Telegram канали објавија за нападот, а потоа регионалниот гувернер потврди дека Псков бил нападнат.

„Министерството за одбрана на аеродромот Псков го отфрла нападот со беспилотни летала. Јас лично сум на лице место од почетокот на инцидентот. Според првичните информации, нема жртви, изјави локалниот командант Михаил Ведерников.

Во нападот учествувале повеќе од десет беспилотни летала, додека на некои портали, во зависност од изјавата на сведоците, бројката се искачила на 20.

Четири авиони Ил-76 се оштетени во напад со дрон на воениот аеродром во Псков.

Псков е 700 километри од украинската граница, но само 60 километри од Латвија и 30 километри од естонската граница. Во него живеат околу 200.000 луѓе.

„Доколку дронот беше лансиран од Украина, ќе мораше да ја помине територијата на Белорусија – пишува Russia Today.

Loading...

На видеата се гледаат експлозии и функционирање на противвоздушната одбрана.

По Псков пристигнува информација дека е нападнат и рускиот град Брајанск.

Брјанск се наоѓа на околу 400 километри југозападно од Москва, недалеку од белоруската и украинската граница. Вечерва, пишуваат Русите, во градот „функционирал системот за противвоздушна одбрана“.

Наводно, соборен е најмалку еден дрон, пренесува 24сата.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...