Украинските сили го ослободија селото Роботин на југоистокот на земјата како дел од контраофанзивата против руските сили и се обидуваат да напредуваат понатаму на југ, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар.
Loading...
Маљар истакна дека украинските сили напредуваат во таа насока и покрај жестокиот отпор на руските сили.
Украинската армија минатата недела објави дека го подигнала државното знаме во селото Роботин, но соопшти дека се уште е изложено на руски оган во населбата, пренесе Ројтерс.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.