Русија: Новиот американски пакет воена помош за Украина е врв на лицемерието

Сподели со своите пријатели

Руската амбасада во Вашингтон одлуката на САД да испрати уште еден пакет воена помош за Украина ја оцени како „врв на лицемерието“.

Loading...

„Споменатата испорака на ХИМАРС и противвоздушни гранати, како и друга муниција вредна четвртина милијарда долари до неуспешниот режим на Зеленски е врв на лицемерието. Особено што американските власти ја припишуваат воената помош на „грижа“ за народот на Украина. Во реалноста, Вашингтон нема да се откаже од концептот на борба против Русија додека не биде убиен и последниот Украинец“, се вели во соопштението на амбасадата, објавено на нејзиниот официјален канал Телеграм, пренесува ТАС С.

Според руските дипломати, во изјавите на американските политичари се вели дека „животите на граѓаните на другите земји не се многу важни“ за САД.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторникот најави нов пакет помош за Украина од 250 милиони долари.

„Овој пакет содржи ракети за противвоздушна одбрана АИМ-9М, муниција артилериски ракетни системи за висока подвижност (HIMARS), артилериска муниција од 155 мм и 105 мм, опрема за чистење мини, „Јавелин“ и други противоклопни системи и проектили, како и повеќе од три милиони парчиња муниција“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.