Кина (Page 83)

Кина, официјално Народна Република Кина (НРК), е земја во Источна Азија.

Таа е најнаселената земја во светот, со население од повеќе од 1,4 милијарди луѓе. Земјата опфаќа пет географски временски зони и граничи со 14 земји. Втора е по големина од која било земја во светот по Русија. Се состои од 23 провинции, пет автономни региони, четири општини и два специјални административни региони (Хонг Конг и Макао).

Национален главен град е Пекинг, а најнаселен град и финансиски центар е Шангај.

Кинескиот устав вели дека Народна Република Кина „е социјалистичка држава управувана од народна демократска диктатура која е предводена од работничката класа и заснована на сојуз на работници и селани“. Дека државните институции „ќе го практикуваат принципот на демократски централизам.“

Таа е меѓу единствените социјалистички држави во светот управувана од комунистичка партија.

Кинеската влада на различни начини беше опишана како комунистичка и социјалистичка, но и како авторитарна и корпоратистичка. Има тешки ограничувања во многу области, особено против слободниот пристап до интернет, на печатот, на собирање, право на раѓање деца.

Во продолжение сите вести од Кина.

Сподели со своите пријатели

Новата анализа на генетскиот материјал собран од јануари до март 2020 година на пазар за морска храна во Вухан, Кина, откри животинска ДНК во примероци што веќе се знае дека се позитивни на САРС-КоВ-2, коронавирус што предизвикува Ковид-19. Претставници на Светската здравствена организација изјавија дека значителна количина од таа ДНКПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Политико дојде до документи кои за првпат докажуваат дека Пекинг испратил оружје и воена опрема во Русија. Кинеските компании, вклучително и една директно поврзана со владата во Пекинг, испратија 1.000 пушки, делови за дронови и повеќе од 12 тони панцири до руските субјекти, според трговските и царинските податоци добиени одПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кина денеска ги повика САД да престанат со „неоправданите напади“ на апликацијата ТикТок, откако американската влада побара кинеската матична компанија да се огради од апликацијата или да се соочи со забрана за национална безбедност. Според Wall Street Journal, Белата куќа поставила ултиматум дека доколку ТикТок остане дел од кинеската групаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Додека кинеските власти заземаат навидум неутрална позиција во нивните јавни говори, начинот на кој кинеските медиуми известуваат за војната во Украина од самиот почеток кажува поинаква приказна. Ова го покажува новата студија на Алијансата за обезбедување демократија при германскиот Маршалов фонд, објавена на крајот на февруари. Додека Кина направи сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинските војници тврдат дека викендов со автоматско оружје собориле вооружен дрон од кинеско производство на нивна територија, пишува Си-Ен-Ен. Mugin-5 е комерцијален дрон направен од кинески производител со седиште во пристанишниот град Ксиамен, на источниот брег на Кина. Некои технолошки блогери велат дека се познати како „Алибаба дронови“ бидејќи билеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Новиот премиер на Кина, Ли Кианг, по преземањето на функцијата првпат одржа прес-конференција, а меѓу другото во разговор за медиумите се осврна и на односите на Кина со САД. На прашањето како гледа на развојот на односите во иднина, Кианг истакна дека Кина и САД можат и мора да соработуваатПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг планира да отпатува во Русија за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин веќе следната недела, порано од очекуваното, изјавија за Ројтерс луѓе запознаени со ова прашање. Плановите за посетата доаѓаат кога Кина нуди да посредува во мирот во Украина, напор што беше дочекан соПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Новиот кинески премиер Ли Кианг во понеделникот рече дека земјата останува надвор од дофатот на глобалните инвестиции и е цврсто посветена на отворање без оглед на ситуацијата надвор. Кина ќе ги отвори вратите и ќе ја подобри деловната клима и услугите, рече тој, пренесува Хина, цитирана од Ројтерс. Ли, којПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот премиер на Кина, Ли Кианг денеска положи заклетва. Кианг е првиот човек на Шангајската Комунистичка партија и ќе го замени пензионираниот Ли Кечијанг како премиер, пренесува Ројтерс. На гласањето во кинескиот парламент, Ли Кианг доби 2.936 гласа, три против и осум воздржани. Премиерот е втората најмоќна функција во КинаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кинеските државни одбранбени компании одржуваа трговски односи со санкционираните руски одбранбени компании во текот на изминатата година, додека многу од водечките светски економии ги прекинаа врските со Москва и компаниите кои го поддржуваат рускиот напад врз Украина. Царинските записи прегледани од Си-Ен-Ен покажуваат дека клучните компании во огромните воено-индустриски комплексиПрочитај повеќе