Песков: Путин со Си ќе разговара за кинескиот план за Украина

Сподели со своите пријатели

Планот предложен од Кина за решавање на конфликтот во Украина и темите формулирани во него на еден или друг начин ќе бидат допрени на средбата меѓу рускиот лидер Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Несомнено, Украина ќе биде на дневен ред“, изјави Песков за новинарите.

Песков додаде дека претседателот на Руската Федерација ќе даде детални објаснувања, со што Си Џинпинг од прва рака ќе добие увид како руската страна гледа на актуелната ситуација.

На прашањето дали Кина може да посредува меѓу Москва и Вашингтон за време на конфликтот во Украина, портпаролот на Кремљ одговори дека нема предуслови за тоа од американска страна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

„Гледаме линија насочена кон спречување на забавување на борбените операции. Вашингтон и Стејт департментот и Советот за безбедност на САД зборуваат за тоа отворено и официјално“, рече Песков.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.