Се чека потврда за средбата меѓу Си Џинпинг и Зеленски

Сподели со своите пријатели

Киев чека потврда за телефонскиот разговор меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави министерката за реинтеграција на неконтролираните територии на Украина Ирина Верешчук во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Loading...

„Не знам, чекаме потврда“, одговорила таа на прашањето дали ќе има телефонски разговор, пренесува Спутник.

„Тоа би бил важен чекор. Џинпинг и Зеленски имаат што да си кажат“, додаде таа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.