Пекинг: Америка испорачува оружје на украинското бојно поле, улогата на Кина е конструктивна

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, денеска изјави дека Соединетите Американски Држави, а не Кина, го снабдуваат оружјето на украинското бојно поле.

Loading...

Ванг ова го изјави на брифинг со новинарите, одговарајќи на прашање во врска со наводите на американски извори, според кои Русија користи кинеска муниција во војната против Украина, пренесува Ројтерс.

Коментирајќи го издавањето на налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин од страна на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Ванг рече дека судот треба да заземе „фер став“.

Кина ќе продолжи да игра објективна и фер улога во украинската криза и конструктивна улога во мировните преговори, изјави портпаролот на кинеското Министерство, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.